Иранскиот шеф за безбедност Али Лариџани го предупреди американскиот претседател Доналд Трамп дека поради смртта на ајатолахот Али Хамнеи „ќе плати висока цена“.
Во објава на платформата Икс, Лариџани му порача на Трамп дека „го вовлекол американскиот народ во кукавичка војна со Иран“, откако, како што тврди, „бил под влијание на кловновските испади“ на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
„Сега да пресметаме: дали со над 500 загинати американски војници во само неколку денови, Америка сè уште е на прво место или Израел?“, праша Лариџани.

Лариџани во август беше назначен за секретар на Врховниот совет за национална безбедност. Низ кариерата извршуваше високи функции, останувајќи лојален на ајатолахот Хамнеи и градејќи репутација на личност која има прагматични односи со често спротивставените фракции во системот.











