Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Котеска Стисниовска: Ми велат „каде да одам, кој што ќе преземе“, жртвата на насилство е разочарана од институциите

/

пред 224 дена

Сподели преку :

Определени пријави кои треба да бидат кривични пријави, се земаат како поплаки, во центарот за социјална работа многу често не се врши добра проценка на ризик, не се заштитува жртвата, не се работи доволно методолошки со жртвата, изјави Катерина Котеска Стисниовска, адвокатка, во вечерашното издание на „Топ тема“ на ТВ Телма.

„До пред извесно време се изрекуваа казни, исклучиво условна осуда. Во последнот време почнаа да се изрекуваат казни затвор, пробациски, но според мене пробацијата треба уште повеќе да поработи на случаите. Цело време работата оди, народски кажано, со туркање. Имавме проблем за изрекување на мерките за зависниците, задолжително лекување или третирање на сторители зависници. Такви мерки речиси и да не се изрекуваат. Ревизорскиот извештај за постапување на институциите утврди дека мерката отстранување на насилник од дом била многу малку изрекувана“, посочи Котеска, Стисниовска.

Жртвата, според неа, ја губи довербата во системот.

„Многу пати кога ми се обраќаат како адвокат ми велат „каде да одам, кој што ќе преземе, никој ништо нема да преземе“. Разочарани се, бидејќи наишле на некои такви искуства од претходно. Секогаш треба да има проценка на ризик и треба да се детектираат поединците кои не работат по закон и правила“, додаде Котеска Стисниовска.

С.Д.