Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бела куќа: Шпанија соработува со американската војска – Мадрид: Не е точно

/

пред 219 дена

Сподели преку :

Шпанија се согласи да соработува со американската војска по критиките од претседателот Доналд Трамп среде ескалација на војната со Иран, рече портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит. Како што додаде, Шпанија ја слушнала пораката на Трамп „јасно и гласно“ и дека „американската војска се координира со шпанските колеги“. Таквото нејзино тврдење наиде на експресен демант од Мадрид.

Американскиот претседател вчера се закани со целосен прекин на трговијата со Шпанија, откако официјален Мадрид забрани користење на воените бази во операцијата против Иран. Ливит додаде дека Трамп очекува сите европски сојузници да соработуваат во воената кампања против Техеран.