Потребни се радикални промени во институциите и зголемување на професионалноста и во полицијата и кај социјалните служби за навремено препознавање и соодветна реакција за заштита на жртвите од насилство. Нема повеќе простор за изговори и префлање на одговорноста од една на друга институција, беше кажано во вечерашната „Топ тема“.
Македонија е прва држава на Балканот што го криминализираше фемицидот, но и на врвот во Европа според бројот на убиства. Семејното насилство во пораст. Каде затајува системот? – Кои се институциите и поединците во нив преку кои се кршат превентивните и заштитни механизми?
Во „Топ тема вечерва дебатираа проф.д-р Неда Здравева, претседателка на Хелсиншкиот Комитет, Катерина Котеска – Стисниовска, адвокатка, Магдалена Чадиноска Кузмановски, активистка за заштита на жените жртви на насилство, Фросина Ивановска, психолог и Биљана Јеремиќ, началничка на одделението за семејно насилство во единицата за насилен криминал при СВР Скопје.











