Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Заловени нови 24 грла добиток во кривопаланечко

/

пред 219 дена

Сподели преку :

Нов успешен обид за собирање на добитокот во кривопаланечко, и одново приведување. Инспектори на Агенцијата за храна и ветеринарство во синоќешната акција на три локации на подрачјето на Крива Паланка заловија 24 грла добиток.

Но и при вчерашниот обид тие имале отпор од страна на сопствениците добитокот да не биде одземен, но за разлика од претходниот пат синоќа веднаш реагирала полицијата по што едно лице било приведено. Инспекторите биле на терен заедно со специјалните сили и ОВР Паланка, а бил употребен и дрон.

Агенцијата како што дознава Телма поднела и кривични пријави за сопствениците. Од АХВ велат дека ќе продолжат со заловувањето на животните, но освен во Крива Паланка тоа го прават и на други места. Пред една недела инспектори, полиција, но и дронови го снимаа теренот. Екипите се обидуваа да ги заловат животните но беа спречувани од сопствениците кои имаа и обид да ги истераат во планината, само за да не бидат фатени. Сопствениците тврдат дека немаат проблем со нивно одземање, но животните да бидат добро чувани и да им биде платено за маката и долгогодишното чување. Жителите преку протест се пожалија за маките за кои тврдат дека со години траат, како за уништени земјоделски посеви, така и за нивната безбедност.

Симона Петровска