Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Со владиниот авион попладнево се очекува евакуација на македонски државјани од Израел

/

пред 219 дена

Сподели преку :

Со владиниот авион попладнево се очекува евакуација на македонски државјани од Израел, со што треба да се заокружи процесот на враќање на сите граѓани што побарале извлекување од земјата. Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информираат дека евакуацијата се спроведува според однапред утврден план и во координација со надлежните институции.

Во следните денови се очекува да започне и враќањето на македонски државјани од Обединетите Арапски Емирати, како и од Катар, Бахреин и Кувајт. Според најавите, нивната евакуација ќе се реализира со летови преку Саудиска Арабија.

Заклучно со денеска, во Амбасадата во Абу Даби се евидентирани 505 македонски државјани, од кои 458 се во ОАЕ, 31 во Кувајт и 14 во Бахреин, додека во Доха се регистрирани 141 лице. Владата претходно најави дека за евакуацијата ќе бидат издвоени 60 милиони денари за организација на чартер-летови.

T.Д.