Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Наумовски: Природни сме надарени секогаш да бараме државна помош, без да водиме сметка за ефективите, претприемачкиот дух реално е празнина кај нас

/

пред 219 дена

Сподели преку :

Имаме слабости во целиот процес на државна помош, истакна Синиша Наумовски, професор од Институтот Хајделберг Скопје, во вечерашната дебата во „Вин-Вин“ на ТВ Телма.

„Точно во секоја криза, од ковидот до денес, ние во континуитет даваме од 230 до 250 милиони евра од буџетот како финансиска поддршка. Кај другите земји во анализираниот период не е така. И најголем дел од таа помош се однесува на земјоделство, а најмал за мали и средни компании“, вели Наумовски.

Според него, логично е бизнис заедницата секогаш да се потпиша на поддршка од државата.

„Затоа и постојат коморите. Но, можеби треба добра анализа да направиме што ние успеавме да направиме за три и пол декади во однос на продуктивноста на трудот. Тоа е важна компонента. Дали ние со таа државна помош направивме попродуктивни работници или не? – Дали ние денес разговараме за минимална плата, што не ја криера пазарот на трудот? – Значи не сме направиле подобра бизнис клима. За тоа да го направиме, можеби треба и други варијабли да подобриме“, смета Наумовски.

Тој истакна дека македонскиот работник е четири пати помалку продуктивен од германскиот работник.

„Ние сме некако природно надарени секогаш да бараме помош од државата, а не поставуваме прашање што сме направиле ние за државата. Вистината е следна. Имаме бројни примери на организации, државни институции кои денес не постојат, а не дале никаков ефект низ годините. Претприемачкиот дух е реално празнина кај нас. Ние некако гледаме дека државната помош треба да ја добиеме на овој или оној начин, без да водиме сметка за ефективите“, изјави Наумовски.

С.Д.