Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вечерва во Скопје слета првата група на евакуирани македонски државјани од Израел

/

пред 215 дена

Сподели преку :

Вечерва на Меѓународниот аеродром во Скопје слета првата група на евакуирани македонски државјани од Израел преку Египет. Патниците ги пречека заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, кој нагласи дека процесот бил сложен и барал сериозен ангажман на дипломатско-конзуларните претставништва.

„Во Израел остануваат уште седуммина граѓани кои во моментов не се расположени за евакуација, односно чекаат да се ослободи воздушниот простор и евентуално да се вратат подоцна со приватен лет преку приватна компанија“, изјави Димитровски.

Нагласи дека се прават напори најдоцна до понеделник сите граѓани да бидат вратени со три до четири лета од овие дестинации.

„Наредните денови тие ќе бидат пренесени со чартер летови, организирани од Владата и Министерството за надворешни работи. Еден од летовите ќе тргне од Ријад во Саудиска Арабија“, посочи тој.

Според него, во земјите од Заливот моментално има околу 600 македонски државјани, најмногу во Абу Даби и Дубаи, околу 140 во Катар, а помал број во Бахреин и Кувајт.

Фото: mia.mk