Две лица од Кавадарци пријавиле дека биле измамени. Како што информираат МВР, на 5 март во 21 часот во ОВР Кавадарци, 81-годишна кавадарчанка пријавила дека била измамена за 300.000 денари. Според пријавеното, непознато лице ѝ се јавило телефонски, претставувајќи се како лекар, и ѝ кажало дека нејзината ќерка се наоѓа во болница со скршеница и дека е потребна итна операција за која треба да се дадат пари. Жената излегла пред својот дом и договорената сума му ја предала на машко лице, по што подоцна сфатила дека станува збор за измама.
Истиот ден, во 13:30 часот, во полицијата пристигнала уште една пријава од страна на 56-годишен жител на Кавадарци. Тој би измамен за 4.900 евра. Кавадаречанецот преку интернет стапил во контакт со лица кои се претставиле дека се дел од странска компанија и го убедиле да инвестира во берза. Во неколку наврати им уплатил пари, а кога побарале дополнителна уплата од 10.000 евра за наводно да може да ги поврати вложените средства, сфатил дека бил измамен.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на двата случаи.
Т.Д.











