Широко распространета корупција, загриженост за независноста на судството, силна политичка поларизација и барање да се обнови политичката посветеност кон реформите, се забелешките кои се на чекор да станат и формална резолуција на ЕП за Македонија.
Во меѓувреме се ситни грејс периодот за чекорите од реформската агенда кои уште лани требаше да бидат завршени. Има ли Македонија план како да се врати во видокругот на ЕУ?
Ја испушти ли земјата можноста да биде позитивната приказна за проширувањето во Западниот Балкан?
Во „Топ тема“ вечерва интервју со министерот за европски прашања, Беким Сали.











