Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МНР склучи договор со авиокомпанија за евакуација на македонските државјани од Блискиот Исток

/

пред 214 дена

Сподели преку :

Евакуацијата на македонски државјани од земјите од Блискиот Исток, која ќе се реализира со комерцијални чартер-летови, ќе започне во недела, соопшти министерството за надворешни работи (МНР).

Министерството попладнево склучи договор со авиокомпанија, согласно законот за јавни набавки, по спроведена соодветна постапка. Согласно утврдениот план и предвидена динамика, се очекува до средината на наредната недела да бидат евакуирани сите македонски државјани кои изразиле подготвеност за враќање.

Процесот е целосно координиран од министерството и дипломатско-конзуларните претставништва во регионот. Завршувањето на постапката за јавна набавка претставува потврда за навременото и одговорно постапување во насока на заштита и грижа за македонските граѓани.

Како што соопштува МНР, согласно последните податоци, заклучно со денеска, амбасадата во Доха ја контактирале 150 македонски државјани од кои 95 изразиле подготвеност за евакуација. Амбасадата во Абу Даби ја контактирале вкупно 585 лица кои престојуваат во Обединетите Арапски Емирати, како и 36 лица од Кувајт, 15 од Бахреин и 5 од Саудиска Арабија.