Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во пресрет на празникот на жената, читателите се потсетија на моќта на литературата

/

пред 211 дена

Сподели преку :

Кој книжевен лик ве променил? На ова прашање одговараа посетителите кои денес присуствуваа на настанот во организација на „Сакам книги“. Во пресрет на празникот на жената, читателите се потсетија на моќта на литературата и на тоа колку силно можеме да се поистоветиме со ликовите од книгите.

  • „Денес издавачката куќа „Сакам книги“ организира еден настан со едно централно прашање: Кој книжевен лик ве променил? Затоа што сметаме дека жените во и зад книгите можат да извршат силно влијание врз нас. Со самото читање сфаќаме дека некој друг ги поминал нашите сомнежи, нашите дилеми и нашите животни одлуки. Токму тоа помага нашиот живот да стане полесен и подобар. Тоа нè учи на нешто што некој друг го поминал и ни помага во нашите избори.“ – изјави Александра Тодоровиќ.

Говорничка на настанот беше авторката Ксенија Николова, која зборуваше за значењето на женските ликови во литературата. Таа истакна дека преку своите книги се обидува да ги руши стереотипите и бариерите, а откри и кој женски лик од книжевноста имал најголемо влијание врз неа.

  • „Денес, со една убава женска енергија, имавме прилика да поразговараме на многу теми и секако да зборуваме за разни женски ликови во литературата што нè инспирирале. Зборувавме и за делата што сме ги создале. Конкретно, јас го спомнав и мојот последен роман, издаден во „Сакам книги“, „Зад маските“, кој ги следи животите на четири хероини кои ги живеат своите животи и своите борби зад затворени врати. Разговаравме и за тоа колку е важна автентичноста и колку е важно жената да ја препознава својата автентичност. Токму преку ваквите ликови сметам дека рушиме бариери и стереотипи и се охрабруваме меѓусебно.“ – истакна авторката Ксенија Николова.

Жената во литературата е огледало на општеството. Елизабет Бенет, Ана Каренина, Ленка и Неда се само дел од имињата кои оставиле силна трага во книжевноста, а нивните приказни и денес се симбол на истрајност, храброст и борба.