Со критика за недоволната заштита на жените во македонското општество се одбележа овогоднешниот 8. Март. Наместо да празнуваат со цвеќе, жените порачаа дека не се чувствуваат безбедно. Маршот започна со една минута молк за сите жени кои биле жртви на насилство, бидејќи системот потфрлил.
- „Денешниот марш под слоганот „Нема да не снема“ е еден вид на отпор кон фигуративното и фактичкото бришење на жените во овој систем кој што ги угнетува ги игнорира и не ги слуша нивните барања и крици за помош против насилство, буквално ги турка на маргините на и на крај ги убива“ – Марта Стевковска.

Побараа безбедноста на жените да биде итен политички приоритет.
- „До институциите, премиерот и министерот за внатрешни работи како не ви е срам да се појавите на говорница после рекорден број на убиства на жени на кои им претходело пријавувано насилство по кое не се постапувало соодветно и да ни порачате да пријавуваме и да не ги повлекуваме пријавите. Премиере нели ги знаете законите на земјата која ја водите институциите имаат сложбена должност да постапуваат и да ги заштитат жените жртви на ансилство особено оние кои живеат во висок ризик“ – Калиа Димитрова.

Како и поефикасни мерки за превенција.
- „Семејното насилство мора да биде приоритет број еден на секоја институција оттука започнува борбата за посветла иднина. Брзата соработка на институциите во клучните мигови на пријава спречува повторување на насилството. А што гледаме ние секој ден, сторители кои слободно шетаат и со нaсмевка раскажуваат сама си го бараше“- Ивана Белчева.

Маршот ја симоболизираше и солидарноста и борбата за еднаквост и достоинствен живот.
- „Денес на 8 марш кога маршираме под слоганот „Нема да не снема“ не бараме милостина, не бараме дозвола, не прифаќаме ништо помалку од уживање на првото на економска независност. Сложни жени држава градат“ – Александра Спасеска.
Алармот во општеството се крена по смртта на Ивана, која седум години во континуитет физички и психички била малтретирана од нејзиниот сопруг. Безизлезната состојба ја натерала заедно со нејзината ќерка да скокне од балконот од зграда во Тафталиџе.
Македонија е трета во Европа според бројката на фемициди, односно убиени жени од страна на нивните партнери. Овој 8 март не се слави денот на жената, туку е крик и повик за нивна заштита.
Маршот започна во Паркот жена борец, а потоа учесниците се упатија кон бистата на Вера Јоциќ во градскиот парк.
Марија Митевска
Б.С.











