Моџтаба Хамнеи е именуван за нов врховен лидер на Иран, откако неговиот татко Али Хамнеи беше убиен во првиот бран американско-израелски напади врз Техеран.
Иранските државни медиуми објавија дека тој ја презема функцијата во момент на силна ескалација на конфликтот на Блискиот Исток.
Помладиот Хамнеи долго време се сметаше за кандидат за функцијата, дури и пред израелскиот напад да го убие Али Хамнеи, и покрај тоа што никогаш не беше избран или назначен на владина пзиција.
Моџтаба Хамнеи не е виден јавно со денови. Тој сега ќе го има последниот збор за сите државни прашања. Тој ќе служи како врховен командант на војската и моќната паравоена револуционерна гарда и ќе добие залихи од високо збогатен ураниум што би можел да се користи за изградба на нуклеарно оружје, доколку одлучи да го издаде со декрет.
Меѓувреме, иранските сили извршија нов бран ракетни и напади со беспилотни летала врз Израел и неколку земји од Персискиот Залив.
Во Бахреин при напад со дрон се повредени 32 цивили, меѓу кои и четири деца.
Напади се пријавени и во Катар, Кувајт, Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија, додека израелската војска соопшти дека возвратила со удари во централниот дел на Иран. Ескалацијата на конфликтот предизвика и силни потреси на светските пазари.
Цената на нафтата надмина 110 долари за барел, поради стравувањата од нарушено снабдување преку Ормутскиот теснец – една од најважните светски рути за транспорт на енергенси. Американската армија меѓувреме соопшти дека уште еден припадник на нивните сили починал од повреди здобиени во иранските напади минатата недела.











