Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Откриена „шема“ на измами со лажни сообраќајки во Битола

/

пред 211 дена

Сподели преку :

Основното јавно обвинителство Битола открило развиена шема на измами со лажни сообраќајни несреќи, при што во последните 2-3 месеци над десет граѓани биле измамени за повеќе од 60.000 евра и вредни предмети.

Најчесто жртви се повозрасни лица, кои добиваат телефонски повик дека нивен близок е тешко повреден или дека предизвикал несреќа и се бараат пари за операција или за избегнување затворска казна.

Измамените граѓани, исплашени за своите блиски, лично предавале пари, златен накит и други вредности на лица ангажирани преку оглас на Фејсбук.

Досега обвинение е поднесено против четири лица кои директно ги примале средствата, а парите се пренесувале и кај засега непознат сторител во Бугарија, додека телефонските контакти водат и кон Романија.

Основното јавно обвинителство Битола апелира до граѓаните да не потпаѓаат на вакви измами и да не предаваат пари “на рака” на непознати лица.