Собранието реши дека ќе организира комеморација за настраданите во „Пулс“, една година по катастрофата во која загинаа 63 млади луѓе. Ќе биде на 12-ти, овој четврток, потврдија од Собранието.
Откако најпрво премиерот Мицкоски ја најави, а спикерот на Собранието Гаши ја закажа, без координација со родителите кои на 16 март, на денот на трагедијата, веќе имаат испланирано активности во Кочани на кои очекуваат да се појави целиот државен врв да оддаде почит на жртвите на местото на најголемата трагедија во државава.











