Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Али Мохамад Наини: Техеран ќе одлучи кога ќе заврши конфликтот

/

пред 210 дена

Сподели преку :

Иранската Револуционерна гарда соопшти дека секоја арапска или европска земја што ќе ги протера амбасадорите на САД и Израел од својата територија ќе може слободно да поминува низ Ормускиот Теснец.

Кризата на Блискиот Исток го наруши поморскиот сообраќај и извозот на енергенси преку Ормускиот Теснец – клучна поморска рута низ која минува околу една петтина од глобалните испораки на нафта и природен гас.

Стотици бродови остануваат закотвени од двете страни на стратешкиот воден пат, додека нафтените и транспортните пазари внимателно следат дали ќе има знаци за обновување на пловидбата низ тесниот коридор.

Револуционерната гарда соопшти и дека нема да дозволи извоз на нафта од регионот кон САД и кон земјите што соработуваат со Вашингтон.

– Во услови на продолжена агресија од страна на САД против Иран, вооружените сили на Исламската Република нема да дозволат ниту еден литар нафта од регионот да стигне до непријателска држава и нејзините партнери до понатамошна наредба – изјави генералот Али Мохамад Наини.

Тој додаде дека иранската армија е „подготвена да ја прошири војната“, нагласувајќи дека Техеран ќе одлучи кога ќе заврши конфликтот.

Трамп: Војната е речиси готова, Иран остана без морнарица, комуникации, воздушни сили и имаат малку проектили