Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лажна дојава за бомба во основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Кочани

/

пред 214 дена

Сподели преку :

Лажна дојава на бомба утринава е пријавено во кочанското Општинско основно училиште „Свети Кирил и Методиј“.

Директорот на училиштето Драган Трајчев вели дека во 10 часот биле информирани од страна на полициски инспектори.

Откако е проверено утврдено е дека станува збор за лажна дојава за бомба во училиштето.

Ова училиште е најголемо по бројот на запишани ученици на територија на Општина Кочани, во него учат околу 800 ученици од прво до деветто одделение. Наставата продолжува за учениците од втората смена.