Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Речиси 100 пациенти чекаат бубрег – министерството за здравство најави нов закон за полесна трансплантација

/

пред 213 дена

Сподели преку :

Се подготвува нов Закон за трансплантација на органи, кој се очекува да биде готов до крајот на април, најави министерот за здравство Алиу. Тој смета дека со тие законски измени ќе може полесно да се дојде до донатор.

„Го зголемуваме нивото на тоа кој може да биде жив дарител, односно може да се оди плус едно ниво подолу на таа линија на семејна врска. Мислам дека законот до крајот на април ќе биде во собраниска процедура“, изјави Азир Алиу, министер за здравство.

За трансплантација над бубрег чекаат нешто помалку од 100 пациенти. Надлежните сметаат дека многу е важно да се зголеми свеста на луѓето за донирање на органи, а особено за трансплантација од починато лице.

„Сумата која се троши за хемодијализа е неспоредлива. Во првата година идентично чини пациент кој е на хемодијализа и на бубрежна трансплантација, но наредните години кога ќе имаме комплетна рехабилитација на трансплантираниот пациент, цената се намалува за три до четири пати“, изјави Никола Ѓорѓиевски, директор на Клиниката за нефрологија.

Во нашата држава околу 85% од пациентите со бубрежна слабост се на хемодијализа, а околу 15% завршуваат со трансплантација на бубрег. Надлежните велат дека важно е раната детекција и превенцијата од ова заболување.

Тамара Марковска