Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Цената на нафтата „Брент“ за првпат над 100 долари од август во 2022 година

/

пред 207 дена

Сподели преку :

Цените на нафтата денеска нагло пораснаа при што нафтата од типот „Брент“ (Brent Crude) се стабилизираше на над 100 долари за барел за првпат од август 2022 година, откако новиот врховен водач на Иран изјави дека Ормускиот теснец ќе остане затворен.

Цената на нафтата „Брент“ скокна за 9,2 отсто на 100,46 долари по барел, додека нејзиниот американски еквивалент, „Вест Тексас Интермедиат“ (West Texas Intermediate) се искачи за 9,7 отсто на 95,73 долари за барел.

Војната го предизвикува најголемиот прекин во снабдувањето со нафта во историјата на глобалните пазари, соопшти денеска Меѓународната агенција за енергија, еден ден откако одобри ослободување на рекордни 400 милиони барели нафта од стратешките резерви.