Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Заловените крави од Крива Паланка ќе се продаваат на јавен оглас

/

пред 206 дена

Сподели преку :

Владата донесе одлука Агенцијата за храна и ветеринарство да ги продава заловените крави од Кривополанечко на јавен оглас, каде ќе можат да се пријават регистрирани кланици и месарници.

Од агенцијата велат дека досега се фатени 84 крави, кои по здравствен преглед ќе бидат понудени на продажба.

Според проценките, во регионот има околу 600 крави што долго време шетаат без надзор и предизвикуваат материјални штети.

Градоначалникот Сашко Митовски изрази загриженост дека поранешните сопственици ги колат животните и ги продаваат на црниот пазар.

Одлуката ќе важи не само за кравите од Кривополанечко, туку и за сите животни што ќе се одземат од неодговорни сопственици согласно Законот за благосостојба на животните.

Целта е да се спречи понатамошно штетно постапување со животните и да се обезбеди нивна одговорна продажба.