Минималната плата од април ќе изнесува 26.046 денари, што е зголемување од 1.667 денари или 6,8 проценти, но од ССМ велат дека тоа не е доволно и најавија генерален штрајк со истите барања: минималец од 600 евра и покачување од 100 евра за сите плати.
ДУИ предлагаат зголемување на минималецот за 3.500 денари и ограничување на цените на основните прехранбени производи, а ДОМ поддржува системски долгорочни решенија.
Јазот меѓу Владата, работодавачите и синдикатите се продлабочува, минималната плата расте минимално, а незадоволството кај работниците – максимално.
Ќе се најде ли компромис за минималната плата што ќе ги задоволи и Владата и Синдикатот?
АНКЕТА: Дали улицата е место за дијалог за минималната плата? Да/Не