Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шест нови мерни уреди за следење на квалитетот на воздухот наскоро во Струмица

/

пред 215 дена

Сподели преку :

Во рок од месец и половина на повеќе локации во Струмица ќе бидат поставени шест нови уреди за следење на состојбата со воздухот, со што градот ќе располага со вкупно 12 мерни уреди. Ова е предвидено со договорот што Општина Струмица го склучи со скопската компанија „Смарт Флоу“, која беше избрана како најповолен понудувач на јавната набавка за воспоставување на локална мрежа за мониторинг на загадувањето на воздухот на територијата на општината.

Набавката на мерните уреди е едно од барањата што локалните еко активисти преку протести ги испратија до институциите, барајќи да се преземат итни мерки против аерозагадувањето.

Вкупната вредност на договорот за набавка на нови мерни уреди изнесува околу 16.000 евра.

Еко активистите бараат зголемување и на бројот на инспектори за живтона средина, набавка на дрон за лоцирање на загадувањето, но и камери на сите места каде се создаваат диви депонии. Во текот на зимските месеци, загадувањето во Струмица беше со големи пикови, што го ставаше на мапата најзагадени градови несамо во државата, туку и во Европа.

Сузана Мицева