Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мерц по 30-дневната дозвола на САД за купување на руска нафта: Тоа е погрешно, не знам што ги наведе на таква одлука

/

пред 210 дена

Сподели преку :

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека ублажувањето на санкциите за Русија е погрешно, откако САД издадоа 30-дневна дозвола за купување на руска нафта и нафтени деривати кои моментно се наоѓаат на море.

„Веруваме дека тоа е погрешно. Моментно постои проблем со цената, но не и со снабдувањето. И во таа смисла би сакал да знам кои фактори ја наведоа владата на САД на таква одлука“, изјави Мерц на прес-конференција со неговиот норвешки колега.

Американската дозвола, чија цел е да ги намали високите цени на нафтата и плинот поради војната на Блискиот Исток, немаше големо влијание на пазарите, па нафтата и денеска се купува за 101 долар за барел.

„Уште еднаш сакам јасно да кажам. Германија не учествува и не сака да учествува во оваа војна“, истакна Мерц.