Апсолутно добро се справи Владата со трагедијата во Кочани, смета премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска беше во Кочани. Во споредба со трагедијата во Швајцарија, тој потенцира дека македонските институции реагирале неколкукратно подобро. Мицкоски не сака да прави споредби со трагедиите, но според него, од аспект на системската реакција, државата постапила поефикасно.
„Апсолутно да. Но, кога правите споредба на лоши настани, делувате некрофилски. Јас не сакам да делувам некрофилски, но ќе дадам целосен одговор на вашето прашање, затоа што ако се спореди тоа што ако ние како Влада го направивме, со она што се случи во Швајцарија, можам да кажам дека неколукратно подобро се справивме, во сите параметри, во сите споредби. За жал, не постои начин како да ги вратиме тие кои што, за жал, не се повеќе со нас“, порача премиерот Христијан Мицкоски.
Семејствата на загинатите и на повредните, локалните и државните институции од утре во Кочани почнуваат со одбележување на годишнината од најголемата трагедија во поновата македонска историја.
Во пожарот во дисокотека „Пулс“ на 16 март во 2025 година згаснаа 63 животи и околу 200 млади луѓе беа повредени.
Викторија Јованова











