Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски очекува до крај на септември, до кога е одложен новиот европски систем за престој за македонските превозници, да се најде трајно решение.
Повика да не се верува на шпекулации од соседните држави, затоа што секој четврток работна група на Европската комисија во која учествуваат и македонски експерти има состаноци на кои се разговара за технички решенија.











