Со 13 гласа „за“ и ниеден „против“ се усвои резолуцијата во Советот за безбедност на ОН која ја одразува изолираната позиција во која се наоѓа Иран.
„Пораката е јасна. Меѓународната заедница е решена да ги отфрли овие ирански напади врз суверени земји кои ја загрозуваат стабилноста на народите, особено во регион од стратешко значење за глобалната економија, енергија, безбедност и безбедност на глобалната трговија“, изјави амбасадорот на Бахреин во ОН, Џамал Алроваиеи.
Кина и Русија, кои се двајца ирански сојузници се воздржаа од гласањето, дозволувајќи гласањето да помине без да го искористат своето моќно вето за да го блокираат. Нацрт-резолуцијата, поддржана од повеќе од 130 земји-членки, ги осудува нападите на Иран врз Бахреин, Јордан, Кувајт, Оман, Катар, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати како кршење на меѓународното право и „сериозна закана за меѓународниот мир и безбедност“.
Т.Д.











