Kога од овој свет ненадејно и трагично заминуваат млади луѓе солзите што протекоа течат без престан и станаа секојдневние за сите мајки и татковци, роднини и пријатели на семејствата, порача во своето обраќање Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан во црквата Свети Великомаченмик Георгија во Кочани, каде што денеска имаше литургија за жртвите во кочанската дискотека „Пулс“, со што почна и одбележувањето на годишнината на најголемата трагедија во земјата. Со утеха и длабока тага господин господин Стефан рече дека само еден чекор има помеѓу животот и смртта.
Кочани, Штип, Пробиштип, Зрновци, Македонска Каменица, Виница, Скопје денеска тагуваат. Семејствата и роднините со верски обреди низ храмовите и гробиштата се сеќаваат на своите најмили.
Во Кочани денеска се посадија и 300 баграми, а на Градскиот стадион на Фудбалскиот клуб „Осогово“ денеска беа откриени бистите на Томас Златков и Александар Стојанов верни навивачите на „Сејмени“. Јулија Златкова мајка на Томас рече дека стои со чувство на огромна болка и тага, бидејќи нема погоголема болка кога мајка ќе го изгуби своето дете во трагедија.
Пред една година во кочански „Пулс“ згаснаа 63 млади животи и над 200 беа повредни. Во гаснењето на пожарот и спасување на поврдените учествуваа пожарникарите и доброволците. Златко Илијев таа ноќ со своите колеги беше дел од спасувачкиот тим во Пулс.
Тој беше и првиот кој укажа дека еден од пропустите е дека огнот на таванот во дисокотеката Пулс се гаснел со погрешен ПП апарат и оти овие апарати дотогаш беа само декор во објектите. Една година по несреќата, Илијев смета дека во делот на превенцијата се сменети работите.
Благодариен на донациите пожарникарите имаат нови специјализирани возила, нова опрема и се подмладени со млади волонтери. Сите спасувачи, семејствата на загинатите и повредните добиваат и психолошка поддршка во текот на целата година.
Во наредните три дена ќе има на низа на настани во Кочани, а централниот е на 16 март во Кочани.
Викторија Димитрова Јованова











