Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп: Иран сака договор, но условите не се доволно добри

/

пред 203 дена

Сподели преку :

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во моментов не е подготвен да склучи договор за завршување на војната со Иран, пренесе ДПА.

„Иран сака да склучи договор, а јас не сакам да го склучам бидејќи условите сè уште не се доволно добри“, изјави Трамп за Ен-Би-Си Њуз (NBC News) во сношти објавената изјава.

Запрашан за условите што треба да се исполнат, тој одговори: „Не сакам да ви го кажам тоа“, пренесе германската агенција.

Трамп потврди дека во секој договор тој ќе бара од Иран да се откаже од сите нуклеарни амбиции.

Високи ирански претставници јавно не посочија дека се подготвени да преговараат за договор за завршување на конфликтот.