Дали падот на светските берзи е само краткорочна корекција или предупредување дека светската економија влегува во нова криза е прашањето кое се поставува во финансиската јавност откако откако во петокот Волстрит повторно заврши во минус.
Инвеститорите стануваат сè повнимателни а тоа може да се види преку американските индекси „Доу Џонс“ „Стандар енд Пурс“ и „Насдак“ кои бележат пад а трендот е сличен и на европските и на азиските берзи.
Еден од клучните фактори, цената на суровата нафта, продолжува со осцилации. Во САД цените на бензинот растат и граѓаните ги чувствуваат ефектите од војната и нејзиниот дестабилизирачки ефект.
Тамошната јавност е поделена, за едни е непотребно дополнителен трошок, за други цена која мора да се плати за да се елиминира опасноста која ја гледаат во Иран.
Војната со Иран ја поскапе цената на главниот енергенс во светот – нафтата и секогаш кога енергенсите поскапуваат, тоа директно ја зголемува инфлацијата, Тоа повлекува реакција на централните банки кои не ги намалуваат каматните стапки што секогаш е лоша вест за инвеститорите кои сега на располагање имаат поскапи кредити и со тоа се забавува економскиот раст.
Стравот дека светската економија забавува исто така влијае на берзите кои во последнит период растеа благодарение на големите технолошки компании и бумот на вештачката интелигенција. Дел од аналитичарите предупредуваат дека тие акции се преценети и дека може да следува корекција.
Сепак, засега повеќето економисти сметаат дека не станува збор за почеток на голема финансиска криза, туку за класична берзанска корекција по неколку години силен раст.
Но ако конфликтот на Блискиот Исток продолжи и цените на енергенсите продолжат да растат, во таква ситуација падот на берзите може да биде само почеток на многу потежок економски период.
Огнен Чанчаревиќ











