Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Оскари 2026: „Една битка по друга“ избран за најдобар филм

/

пред 202 дена

Сподели преку :

Синоќа во Лос Анџелес заврши уште една ноќ на оскарите. Престижната награда за најдобар филм му припадна на очекуваниот победник Една битка по друга, додека златната статуетка за најдобар режисер заслужено му припадна на Пол Томас Андерсон.

Што се однесува до категориите за глума, Мајкл Б. Џордан беше  прогласен за најдобар актер за неговата маестрална глума во Грешници, а Џеси Бакли беше прогласена за најдобра актерка за нејзината изведба во Хамнет.

Ејми Мадиган и Шон Пен (кои не се појавија на прославата) се истакнаа во споредни улоги и освоија Оскари оваа година.

Филмот „Грешници“ влезе во вечерта со импресивни 16 номинации, а на крајот славеше со четири награди. Вреди да се истакне и „Франкенштајн“, кој пријатно изненади и собра технички награди во дури три категории, додека „Ловци на демони“ ги освои двата Оскари за кои беше номиниран.