Кинеското Министерство за надворешни работи изрази загриженост за напнатата ситуација во Ормускиот Теснец по повикот на американскиот претседател Доналд Трамп до Пекинг да испрати свои бродови за да го обезбедат клучниот воден пат.
Реакцијата дојде само неколку часа по повикот на Трамп.
Портпаролот на министерството, Лин Џиан, ја опиша ситуацијата како „напната“ и штетна за глобалната стабилност.
-Кина уште еднаш ги повикува сите страни веднаш да ги прекинат воените дејствија, да избегнат понатамошно ескалирање на тензиите и да спречат регионалниот конфликт да има посериозни последици за глобалниот економски развој, рече тој.
Трамп претходно во интервју за „Фајненшл тајмс“, објавено вчера, изјави дека можеби ќе го одложи планираниот самит со кинескиот лидер Шји Џјинпинг, исттовремено додавајќи дека „на Кина ѝ е потребна и помош бидејќи добива 90 проценти од својата нафта преку теснецот“.











