Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ѕвездено небо во Штип и Куманово за починатите ангели во пожарот во „Пулс“

/

пред 202 дена

Сподели преку :

Штип и Куманово вечерва ќе им оддадат почит на 63-те прерано згаснати животи во трагичниот пожар во „Пулс“ кој се случи минатата година. Во Штип ќе им се оддаде почит на Филип Ивановски, Дамјан Таневски, Александар Ефремов, Филип Стевановски и Александар Коларов.

Според најавеното поставен е камен-темелник за изградба на спомен-обележје кај малата фонтана во близина на Градскиот плоштад „Слобода“. Во рамките на спомен-обележјето ќе има пет гулаби и еден ангел, а ќе бидат изгравирани и имињата на загинатите штипјани. Од Општината велат дека Штип стои заедно со Кочани во овие тешки моменти, обединети во болката, но и во надежта.

Ѕвезденото небо на 63-те ангели е најавено и во Куманово, а ќе биде испратена порака на поддршка, сочувство и солидарност до семејствата на жртвите“, информираат од Фондацијата за култура и спорт Куманово и Општината, кои го организираат настанот.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани меѓу загинатите беше и музичарот Филип Стевановски од Куманово, член на групата „ДНК“, на чиј концерт се случи трагедијата.