Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СДСМ го исклучува поранешниот градоначалник Петре Шилегов од партија поради наводна соработка со ВМРО-ДПМНЕ

/

пред 207 дена

Сподели преку :

На вечерашниот извршен одбор на СДСМ е донесена и иницирана одлука за исклучување на Петре Шилегов од членство на партијата.

Според партијата Шилегов е уценет и одработува за ВМРО, па во однос на тоа се носи и одлуката.

„Ја разоткривме целата бизнис шема на Христијан Мицкоски во енергетиката, од Адамовиќ до „Руднап“. Сега на сите им е јасно зошто толку многу сакаат да го рушат СДСМ. ВМРО толку падна што единствената опција им остана обидот да го урне СДСМ одвнатре“, стои во соопштението на СДСМ.

Тие додаваат дека сега на сите им е јасно дека станува збор за наводна платформа за рушење на партијата СДСМ од страна на ВМРО.

Т.Д.