Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МВР: Девојката која падна од балкон во Тетово била малтретирана од нејзиниот татко

/

пред 206 дена

Сподели преку :

Девојката која падна од балкон од семејна куќа во Тетово, според сознанијата на МВР  била малтретирана од нејзиниот татко. Тој самиот се пријавил синоќа во полиција и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

„Постапувајќи во врска со настанот од 14.03. во кој 19-годишна девојка од Тетово падна од балкон од куќата на нејзиниот дедо и која беше пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници дошле до сознанија, односно било констатирано дека девојката била психички и физички малтретирана од нејзиниот татко А.А.“ информира МВР.

По извршен разговор со него,  таткото на девојката А.А. (47) е пуштен, а обвинителството работи на документирање на целиот случај.