Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Камиловска: Непостоење на репресивни механизми и некоординакција меѓу институции допринесува до вакви трагедии

/

пред 206 дена

Сподели преку :

Проблемите што доведоа до трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ не се од вчера, туку се резултат на децениски системски слабости, оцени Снежана Камиловска Трповска од МЦМС во дебатата на „Топ Тема“ на Телма.

„Ова е поголем, децениски проблем кој трае со години. Не е ова од претходната година – државата го живее овој проблем со децении наназад. Не е едноставно да покренете систем кој веќе е корозивен, но најмалку што треба да се направи е антикорупциската проверка на легислативата од ДКСК, како добар почеток за креирање подобар систем со точни препораки“, изјави Камиловска Трповска.

Таа посочи дека клучен недостаток се репресивните механизми и институционалната координација.

„Кај нас е проблемот што не постојат репресивни механизми кои ќе укажат на злоупотребата на законите и положбите што можат да доведат до негативни импликации. Непостоењето на соодветна соработка меѓу институциите, особено кај инспекцискиот надзор, може да доведе до вакви трагедии“, нагласи таа.

Дополнително, Камиловска Трповска укажа дека и покрај законските обврски, клучни системи сè уште не функционираат.

„Според Законот за спречување на корупција и судир на интереси, ДКСК треба да биде дигитално поврзана преку интероперабилен систем со 17 институции, но ние и денес зборуваме дека тој систем не е функционален. Таквите системски работи можеби изгледаат минорни, но во пракса покажаа дека можат да значат живот“, рече таа.

Како пример за системски пропусти го посочи и Кривичниот законик.

„Ја имавме фамозната измена во 2023 година која практично декриминализираше многу дела, за сега повторно да се носат решенија кои не го враќаат нивото на криминализација како претходно. Такви системски пропусти не смееме да дозволуваме“, додаде Камиловска Трповска.

Нејзините ставови ја надополнуваат дебатата за тоа дали по трагедијата во Кочани се направени суштински реформи или државата и понатаму се соочува со истите системски слабости.

Т.Д.