Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини во западните делови со врнежи од повремен снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од североисточен правец.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Минимална температура (во °C)
-3 Попова Шапка, 0 Mаврови Анови, Kрушево, Лазарополе, 1 Берово, 3 Крива Паланка, Претор, 4 Битола, Прилеп, Виница, 5 Охрид, Тетово, Штип, 6 Куманово, Велес, 7 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Струмица, Кавадарци, 8 Демир Капија, Гевгелија.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
10 Попова Шапка, 3 Битола, Тетово, Куманово, 2 Прилеп, Kрушево, Лазарополе, 1 Ѓуриште, Пожар, Тополчани.
Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)
58 Попова Шапка, 1 Крушево.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР!











