Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Заврши евакуацијата на македонските граѓани од земјите на Блискиот Исток

/

пред 205 дена

Сподели преку :

Заврши евакуацијата на сите пријавени македонски граѓани од погодените земји на Блискиот Исток. Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информираше дека, заклучно со вчерашниот лет, сите граѓани кои се пријавиле се евакуирани.

Па така со последниот, петти лет што вчера слета на Меѓународниот аеродром во Скопје, евакуирани се вкупно 147 патници, од кои 119 македонски државјани и 28 странски државјани, а вкупно досега се евакуирани 605 граѓани.

„Државата покажа подготвеност навремено да реагира во кризни ситуации, да ја заштити безбедноста на македонските граѓани, но и да покаже солидарност кон граѓани од пријателските земји од регионот и пошироко“, соопштуваат од министерството. 

Сите трошоци поврзани со чартер летовите за евакуација, се на товар на државата. Од министерството дополнително информираат дека дежурниот СОС телефонски број, како и контактите на дипломатско-конзуларните претставништва, и понатаму остануваат на располагање на македонските граѓани.

Т.Д.