На почетокот на денешната седница беше прифатена измена во еден член од законот за изградба на коридорите по предлог на Владата, кој ќе се носи по скратена постапка.
Покрај Владата од Буџет, отсега и Јавното претпријатие за државни патишта ќе ги дава средствата кои се неопходни за изградба на коридорите 8 и 10 односно за делниците Тетово- Гостивар- Букој- чани, проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан и делница од автопатот Прилеп – Битола од Коридорот 10.
Спикерот Гаши, согласно процедурата, им наложи на комисијата за транспорт како матична комисија и законодавно правната комисија да расправаат по законот.
Т.Д.











