Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Откриена биста на Илчо Гоцевски, возач на Итната помош од Кочани, кој почина во сон, откако 11 пати превезуваше повредени од „Пулс“ до Скопје

/

пред 200 дена

Сподели преку :

Пред итната медицинска помош во Општата болница во Кочани денеска беше откриено спомен-обележје во чест на Илчо Гоцевски кој почина на 17 март минатата година, ден по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Гоцевски почина, откако претходно во текот на ноќта меѓу 16 и 17 март, тој 11 пати со возилото на Итната медицинска помош превезуваше повредени на скопските клиники.

Спомен-обележјето е поставено на иницијатива на неговите колеги од Итната медицинска помош.

„Во миг кога многумина би се повлекле, Иле чекореше напред, без двоумење и страв воден од желбата да помогне и спаси други. Тој го даде највредното што човек може да го даде – својот живот за да спаси други животи“, рече Љупчо Ѓоргиевски, претседател на Иницијативниот одбор и член на Советот на Општина Кочани.

На настанот пред болницата во Кочани во чест на Гоцевски присуствуваа вработени во болницата, негови колеги, семејството и бројни граѓани.

Фото: радио Кочани