Собранието избра нов државен обвинител. Наскоро ќе се гласа и новиот Закон за јавното обвинителство. Ќе имаме ли суштинска реформа, нов системски пристап или повторно недоречени решенија? – Дали немањето волја за финансиска независност ги поткопува реформите?
Во „Топ тема“ вечерва дебатираа Маргарита Цаца Николовска, поранешна судијка во Стразбур, Ружица Николовска, адвокатка, и Слаѓана Тасева од „Транспаренси интернешнал Македонија“.











