Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ограничувања за полнење гориво

/

пред 200 дена

Сподели преку :

На бензинските станици во Словенија водедени ограничувања за полнење гориво, физичките лица ќе можат да точат до 30 литри гориво по полнење, додека за правните субјекти и товарните возила лимитот е поставен на 200 литри. Словачка пак најавува чекори против т.н. „бензински туризам“, вклучително и повисоки цени за странските возила.

Од MOL Словенија појаснија дека во изминатите две недели е регистрирана значително зголемена потрошувачка, делумно поради создавање залихи, но и поради зголемен број возачи од соседните земји кои точат гориво на граничните бензински станици..

-Со цел да спречиме преоптоварување и притисок врз бензинските станици, а истовремено да обезбедиме рамномерно снабдување за сите корисници, привремено воведовме ограничувања“, соопштија од компанијата.

Мерката е привремена и се применува на територијата на целата земја, а лимитите се утврдени врз основа на просечната дневна потрошувачка..

Шел вовел ограничувања – првично до 200 литри по полнење, а подоцна во текот на денот лимитот бил намален на 100 литри.

Компанијата Petrol засега не донела одлука за воведување вакви мерки.

Во меѓувреме, словачката Влада усвои резолуција со која се овозможува повисока цена на дизел горивото за возила со странски регистарски таблички, со цел да се ограничи „бензинскиот туризам“.

Рафинеријата Slovnaft претходно соопшти дека во северните региони на земјата, особено во близина на границата со Полска, пониските цени на дизелот довеле до нагло зголемување на побарувачката.

Премиерот Роберт Фицо изјави дека возачите масовно ги полнат резервоарите и канистрите, што доведува до недостиг на гориво на одделни бензински станици.

Со резолуцијата, која не утврдува горна граница на цените, бензинските станици ќе можат и да ја ограничат продажбата на дизел на едно полнење и дополнителни 10 литри за возила со странски таблички.