Бизнисот е силно погоден од оваа ситуација, до каде ќе одат екстремите, не може да се дефинира, изјави Горан Ѓоргиевски, претседател на Сојузот на стопански комори (ССК), во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ.
„Има транспортни компании на кои главен трошок им е нафтата и нафтените деривати. И што треба тие да направат, треба веднаш да затворат? – Како ќе излезат од оваа цела ситуација? – Значи имате прехранбена индустрија, земјоделство, посеви…“, посочи Ѓоргиевски.
Тој додаде дека е потребна комуникација и конкретни решенија од надлежните органи.
С.Д.











