Минстерството за внатершни работи информираше дека санкционирана е скопјанка која со „ауди“ се движела по пешачката патека во паркот „Жена- Борец“ во Скопје.
-На 19.03.2026 во полициска станица, полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје извршија службен разговор со Л.Т. од Скопје, која на 16.03.2026 во 14.39 часот со патничко возило „ауди“ со скопски регистарски таблички се движела по пешачка патека во паркот „Жена- Борец“ во Скопје, а снимка од настанот беше објавена и на социјална мрежа. Против Л.Т. се поднесени соодветни поднесоци согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, информираат од МВР.
Полицијата реагираше по низата реакции на граѓани кои се појавија на социјалните мрежи, откако го снимија како жена со своето ауди се вози по пешачка патека.











