Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

АХВ: Сопрен увоз на мелено месо од Парагвај, забрана за увоз на казахстански ореви

/

пред 201 дена

Сподели преку :

(ФОТО Илустрација: Pixabay) АХВ соопшти дека во текот на неделата не дозволи влез на 50 тони небезбедна храна на македонскиот пазар. Станува збор за мелено говедско месо од Јужна Америка и за ореви од Казахстан.

Во продолжение соопштението на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на граничниот премин Ќафасан забранија увоз на 27 тони говедско мелено месо по потекло од Парагвај. Одлуката за забрана за влез на месото во нашата држава е донесена по направената проверка во информативниот систем на АХВ и на увознатата документација според која количините кои требале да се увезат и да завршат на македонскиот пазар потекнувале од објект кој не е одобрен од Агенцијата за храна и ветеринарство, со што не се испоплнети основните безбедносни стандарди за увоз, односно постојат сомнежи за здравствена исправност на месото, што претставува ризик за потрошувачите.

Инспекторите за храна минатата недела забранија увоз и на пратка со 22 тони ореви по потекло од Казахстан поради несоодветно означување и отстапки во пропишаните критериуми за квалитет и безбедност на храна.

Поради тоа целата количина од 22 тони вратена е во земјата на потекло, односно, забранет е нејзин пласман на македонскиот пазар.

Контролите на увозот на храна од страна на официјалните ветеринари и инспекторите за храна ќе продолжат со засилено темпо, со цел да се спречи внесување на небезбедни производи. АХВ апелира до увозниците строго да ги почитуваат законските регулативи и стандардите бидејќи здравјето на граѓаните останува врвен приоритет за институцијата.