Во 2025-та година во Македонија се регистрирани 50.183 пациенти заболени од рак на бели дробови, покажуваат податоците на Управата за електронско здравство.
Ланската е прва година во која бројот на заболени од карцином на бели дробови надминува 50 илјади пациенти.
За една година, црната бројка е зголемена за околу 6 илјади односно за 13,2%. Истата тенденција на раст е забележана и претходната година. Во 2023-та година биле регистрирани 38.492 пациенти заболени од рак на бели дробови, додека во 2024-та имало 44.301 пациенти.
Најголеми причинители за појава на канцер на бели дробови е пушењето, пасивното пушење, загадување на воздухот, вдишување на опасни материјали како азбест или испарувања на јаглен и во поретки случаи, наследни фактори.
Број на пациенти од карцином на бели дробови во Македонија (УЕЗ)
2023 година: 38.492
2024 година: 44.301 + 5.809 раст +15,1%
2025 година: 50.183 + 5.882 раст +13,2%











