Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Контрола на ФЗО: 29 полицајци отвориле 100 лажни боледувања

/

пред 197 дена

Сподели преку :

Бројни неправилности утврдиле контролите на ФЗО во Министерството за внатрешни работи. Се проверувале 80 службеници во МВР кои имале отворено вкупно 514 боледувања.

Од нив утврдени се нерегуларности кај 29 службеници (37%) и спорни 100 боледувања од вкупно 236.

Проблематичните често менувале матични лекари, недостасувале клучни документи како рентген снимки за ишијас или лумбаго, се надминувале дозволените временски рамки итн. Дел од нив објавувале и слики од странство на социјалните мрежи додека се на боледување.

ФЗО ги пријави спорните дијагнози во Внатрешната контрола во МВР, по чие барање и се спроведе контролата, која понатаму ќе треба да одлучи за казните на прекршителите.

Контроли биле направени во 105 приватни здравствени установи односно матични лекари но и гинеколози и стоматолози.  Изречени им се казни во износ од 1,2 милиони денари.

Од ФЗО најавуваат дека контролите ќе продолжат.