Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Просечната нето-плата расте, но дел од секторите бележат пад на месечно ниво

/

пред 196 дена

Сподели преку :

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2026 година, изнесуваше 46 617 денари. Во првиот месец од годината, во однос на минатиот во 2025 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 8,3 отсто, но не рамномерно во сите сектори.

Зголемување на просечната нето плата се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во сектори како што се административни и помошни услужни дејности за 12,9 отсто, трговија на големо и мало, поправка на моторни возила и мотоцикли за 11,1 отсто и преработувачката индустрија за 10,5 отсто.

Сепак забележано е ѝ намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месеци. Тоа е секторите за транспорт и складирање со 7,4 отсто, градежништво за 5,3 отсто и финансиски дејности и дејности на осигурување за 3,8 отсто.

Т.Д.