Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Јаревски: Имаме обезбедено гас до април и нафта за 60 дена, резервите на енергенси се стабилни, состојбата е сигурна

/

пред 198 дена

Сподели преку :

Сите општествени чинители, сите учесници во ланецот на продажба, би требало да понесат дел од товарот со цел надминување на состојбата што е пожно подобро и побрзо, ова е првата од низата на мерки, рече Тони Јаревски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма во контекст на намалувањето на ДДВ-то за горивата од 18 на 10 проценти.

„Стабилни се и резервите на самите енергенси, имаме обезбедно гас до месец април, а има и сериозни и стабилни залихи на нафта за 60 дена. Никогаш не можеме да кажеме дека сме спремни за било која криза, но подготовката е на завидно ниво“, рече Јаревски.

Намалувањето на ДДВ-то од 18 на 10 проценти, како што рече, е првиот чекор.

„Доколку има потреба, ќе се намали и до 5 проценти. Паралелно со тоа, министерството за енергетика, покрај серијата не чекори што ги направи во изминатиот период, премина кон разговори со дистрибутерите на нафта, со цел да имаме дополнителен попуст на маржа од два до три денари. Барем во овој најсериозен бран, цените на горивата нема да бидат поскапени. Сега засега, би можеле да оцениме дека состојбата е стабилна и сигурна“, додаде Јаревски.

С.Д.