„Охрид СОС“ поднела иницијатива до Министерството за животна средина и просторно планирање и до Министерството за здравство за да се направат санитарно-заштитни зони околу Билјанини Извори – населба Беј Бунар.
–Ова не е апстрактно правно прашање. Пред само неколку недели, во Струга, видовме што значи кога тие зони не постојат и зошто тие мора да постојат, реагираат од иницијативата, алудирајќи на проблемите со загадената вода во Струга.
Првичните анализи во Струга покажаа дека таа е заматена дури 30 пати над дозволеното и беше прогласена за технички неисправна, без можност да се користи ниту за пиење, ниту за готвење, ниту за лична хигиена.











